Пендаровски бара истрага за пожарот во Универзална, ветува дека ќе се заложи таа во најбрз рок да биде обновена

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски изразува жалење за денешниот пожар што ја зафати Универзална сала во Скопје и повикува на брза реакција на надлежните институции, соопштуваат од неговиот изборен штаб.

„Мора да се спроведе соодветна истрага, да се лоцираат и да се санкционираат сите кои се одговорни за уништувањето на овој значен објект. Кандидатот Пендаровски во следниот мандат ќе се заложи во најкус можен рок да биде обновен еден од симболите на Скопје, објект врежан во колективната меморија на десетици генерации скопјани“ се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e