Панче Заев негира негова вмешаност за наводен инцидент во скопски локал

Синот на Вице Заев, Панче Заев, ги отфрли како неточни, информациите објавени на порталот Инфомакс за негова наводна вмешаност во некој инцидент, изминатиот викенд.

Ова е неговиот демант, во целост:

Изненаден сум и разочаран како млад човек кога ги читам тенденциозните наслови во порталот Инфомакс.

Сепак како семејство секогаш сме биле, сме и ке бидеме на страна на вистината и за истата ке се бориме и ке даваме несебична жртва.

За таа цел повикувам надлежните институции да постапат веднаш и да се уверат дека таков инцидент не постои. Затоа барам да се расчисти оваа магла и да се спречи оваа хајка и ширење на лажни вести поврзани со мене и моето семејство, а за наводен инцидент во скопски локал. Барам снимките од наводниот инцидент доколку ги има и јавно да се објават.

Ги повикувам порталите кои ја објавија оваа лажна вест, по завршување на истрагата веднаш да се извинат јавно и истите објави да ги тргнат од медискиот простор.

Како млад човек застанувам силно зад слободата на говор и правото на слободен збор, но во исто време и жестоко би се спротивставил на секоја лажна вест која има за цел да наштети мене или на било кого.

Со почит,

Панче Заев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e