Откако му зеле 800.000 денари го оставиле со врзани раце и нозе со лисици

Вчера околу 16 часот во Скопје, во кругот на ЖАС, три непознати машки лица извршиле разбојништво над Е.М. (29) од Скопје, при што му биле одземени 800.000 денари.

Имено, велат од полицијата, Е.М. со автомобил поло, со скопски регистарски ознаки, сопственост на неговата фирма „Јадран“, дошол да изврши проверка на автобусот со кој требало да оди на пат.

 Откако ја отворил вратата од хангарот, непознато машко лице го удрило со пиштол по грб и го внело внатре во хангарот каде влегле уште две лица. Трите лица го удирале по телото  и го внеле во автобусот, а потоа со закана со оружје му одзеле 800.000 денари. Потоа му ги врзале рацете и нозете со лисици,  го оставиле внатре во автобусот, и го напуштиле местото со возилото на Е.М.

Подоцна возилото било пронајдено на бул.„Никола Карев“.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот, велат од полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e