На официјалната веб страна на Агенцијата за вработување на Македонија (АВРМ) има опција да се огласи вработување проститутка. – пишува СДК.
Оваa можност ја дава апликацијата за електронско пријавување нови работни места „е-работа“ што е наменета за правни, физички лица и агенции за привремени вработувања. Според истата апликација, на странките регистрирани на системот „е-работа“ при објавување оглас за засновање нов работен однос за лица со завршено средно образование, во менито за работно место – занимање им излегува опција за вработување и на проститутка.
Во кривичниот законик проституцијата во Македонија се смета за кривично дело.
„Не може да се огласат работни места кои се забранети во Македонија па така и за вработување на проститутка. Било кој и да се обиде на нашата страна да објави оглас за професии кои се нелегални самиот ППР систем ги отфрла. Опциите кои стојат во апликацијата ’е-работа’ за оглас во менито работно место, се согласно меѓународната класификација на занимања, но за дел од нив, кои во Македонија со закон се забранети, при обидот да се објави оглас, системот не дозволува и ваков оглас никогаш нема да видите преку Агенцијата за вработувања“, вели за САКАМ ДА КАЖАМ директорот на АВРМ Влатко Поповски.
Целиот текст прочитајте го тука.