Од година во година нивото на политичката дебата е се пониско и пониско

Вечерва во „Топ Тема“ на Телма Тв се дебатира за претстојната политичка хипноза од шест месеци. Зошто расте нервозата и тензиите кај поличарите иако е далеку официјалниот старт на изборната кампања? Како се одвива натпреварот во популизам и манипулативна реторика? Може ли партиите да ја победат големата недоверба и апатија кај граѓаните?

-Ако по утрото денот се познава тогаш она што следи е разочарувачки. Реториката е во апстракна флоскула. Ние не разговараме за нешто суштински и тоа е разочарувачи, на пример кои конкретни чекори ќе ги превземат политичарите во овој историски момент и да излезат од смешните препукувања. Потребна е конструктивна критика. – рече Катарина Синадиновска.

– Од година во година нивото на политичката дебата е се пониско и пониско. Ние како новинари сме обврзани тоа ниво да го воздигнеме, но политичарите не мислат така, тие мислат по логиката на бројките – како до повеќе гласачи. Политичарите дебатираат за тривијални теми кои не ги засегаат граѓаните. Ова не е ништо друго освен чист популизам.- смета новинарот Џелал Незири.

Новинарот Гоце Михајловски во дебатата рече дека реториката на политичарите воопшто не го изненадува, и дека недостасува дмократска зрелост. Тој смета во периодов изборите беа единствено логично решение.

-Оваа реторика е насочена кон нивната публика, членство да го мобилизираат, да го мотивиораат за успешна кампања. Треба да се навикнеме. Спорно за мене е зошто толку доцна ги закажаа изборите. – рече Михајловски.

-Слободата на политичка дебата е дел од слободата на изразување. Прашање на морален кредибилитет на политичарите. – смета Снежана Трпевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e