Од буџетот на МТСП ќе се издвојат 105 милиони денари за градба и инвестиција

Сметаме дека раното учење и развој дава навистина подобар квалитет понатаму за основното, средното образование, но и за продуктивноста на граѓаните кои сега се деца, но понатаму треба да бидат носачи на еконимијата во нашата држава, нагласи министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која денеска беше во работна посета на Валандово и присуствуваше на свеченото предавање во употреба на детската градинка во селото Брајковци.

– Ние како Влада само во изминативе две години инвестиравме 180 милиони денари од буџетот,обезбедивме 15 милиони евра за инвестиција во детска заштита и за 2020 година само од буџетот на Министерството за труд и социјална политика се издвоени 105 милиони денари за градба и инвестиција, рече Царовска.

Таа посочи дека покрај инфраструктурата се работи и на квалитетот,поточно на реорганизација на системот за лиценцирање со програма на Светска банка,воведување на програми за целосно оспособување на децата да се справат со современите услови на живеење и да се воведе пилот програма во градинките за социо емоционален развој како подготовка на децата за се што следи во нивниот живот.

Царовска истакна дека изминативе две години посебно внимание е посветено и на воспитачките и негувателките во детските градинки чии што плати се покачени за 31 отсто.

Во придружба на градоначалникот Перо Костадинов за време на престојот во Валандово,министерката Царовска ги посети Дневниот центар на лица со посебни потреби и детската градинка во Валандово која се наоѓа во финална фаза на реконструкција,односно за работа се останати некои надворешни делови од од фасадата на објектот.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e