Обжалена судска одлука во случајот ТРАНСПОРТЕР

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите до Врховниот суд Скопје поднесе жалба по однос на решението на овој Суд со кое е одбиен предлогот на ова Јавно обвинителство за продолжување на притворот за осомничениот во случајот Транспортер.

Во жалбата укажавме на суштествени повреди на Законот за кривичната постапка, односно на тоа дека при донесување на одлуката со која е одбиен предлогот на ова Обвинителство по однос на мерката притвор, учествувал судија кој морало да се изземе бидејќи веќе еднаш одлучувал во истиот предмет.

Конкретно, како што е уредено со Законот, а со цел да се обезбеди непристрасност на судијата, ист судија не смее да одлучува доколку веќе одлучувал во донесување на одлука во понискиот суд или учествувал во донесување на одлука која се побива со жалбата (чл.33 ст.1 т.5 од ЗКП). Имено, конкретниот судија веќе имал оформено сопствено мислење по однос на притворот за осомничениот, што несомнено укажува на негова пристрасност.

По однос на решението на Врховниот суд Скопје со кое е укинат притворот за Талески и е заменет со мерка на претпазливост, ова Јавно обвинителство нема право на жалба. – се вели во соопштението од СЈО.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e