Обвинителството уште трага по објавувачот на разговорите поврзани со „Рекет“

Додека објавувачот на „бомби“ поврзани со „Рекет“, во кои се слуша глас кој наликува на оној на сведокот во случајот, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција се уште го бара објавувачот на снимените материјали, пишува Локално.

Од Обвинителството за Локално тврдат дека со постапката ќе се утврди дали во содржината на разговорите, но и на нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, а откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, обвинителството ќе одлучи дали и кое лице ќе даде исказ.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како што веќе информираше, оформи предмет по допрен глас по кој постапува надлежен јавен обвинител. Во моментов се испитуваат сите околности во врска со идентификација на лицето што ги објавува снимките. Воедно, со постапката треба да се утврди дали во содржината на разговорите и нивното јавно објавување има елементи на кривично дело, кој снимал, како и идентитетот на лицата што разговараат. Откако ќе биде прибран и анализиран доказниот материјал, обвинителството ќе донесе одлука дали и кое лице ќе биде повикано да даде исказ пред обвинител, за што во моментот е прерано да се зборува“, велат од Обвинителството за Локално.

Инаку разговорите беа објавувани на два пати преку анонимен Јутјуб канал. Првите седум беа објавени пред речиси две недели, а три дена подоцна се појавија уште девет други. Обвинителството се уште нема одговор на кој начин се снимани овие разговори и преку што, бидејќи истрагата која ја претходно опфаќаше седум, сега опфаќа 16 тонски парчиња.

Извор: Локално.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e