НСДП: Не треба да се создаваат дополнителни политички тензиии со одење на брзи избори

Доколку на денешната лидерска средба кај претседателот на државата се постигне договор за предвремени парламентарни избори, тие не треба да се одржат пред завршување на мајскиот самит на Европската Унија и терминот треба да биде во јуни годинава, оцени во соопштение НСДП.

Во соопштението НСДП наведува дека како парламентарна партија не е поканета да учествува на лидерската средба и не е консултирана за нејзиниот став во однос на новонастаната политичка ситуација поврзана со недобивањето датум за отпочнување преговори со ЕУ.

Од НСДП порачуваат дека по недобиениот датум за преговори за членство во ЕУ не треба да се дозволи да се создадат дополнителни политички тензиии со одење на брзи предвремени парламентари избори кои може да го нарушат институционалното функционирање на државата во наредните неколку месеци.

НСДП бара парламентарните партии да ги надминат своите тесни калкулации и својот фокус да го стават на што побрзо донесување законско решение за Специјалното јавно обвинителство, со што, истакнува партијата, формалниот аргумент кој го изнесува Франција ќе биде обеспредметен.

НСДП предлага и политичко тело во кое ќе партиципираат сите парламентарни партии, независно дали се од власта и опозицијата, кое ќе биде фокусирано во наредните неколку месеци на лобирање и подигнување на нивото на билатералните политички односи помеѓу Северна Македонија и Франција.

– Како што беше информирано во јавноста, датумот за отпочнување на преговори со Северна Македонија треба да се најде на агендатат на ЕУ на следниот самит во мај наредната година. Поради ова, НСДП е на ставот дека одржувањето на предвремени парламентарни избори пред овој самит на ЕУ може да ја дефокусира политичката енергија во земјава и да го нарушу институционалното спроведување на започнатите реформи во државата. Вистински момент е најголемите политички партии да покажат созреаност и да ја заживеат политичката пракса во која Владата ќе го завршува целиот свој мандат пред повторно да ја бара доверба од граѓаните на избори. Доколку лидерите на најголемите политички партии денес одлучат за одржување на предвремени парламентарни избори, НСДП смета дека терминот за нив би требало да биде во јуни наредната година, по завршување на мајскиот самит на ЕУ, се вели во соопштението.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e