Ново видео од „Рекет“ – Јанева за Лиле: Без мене она не може ништо

Вебсајтот на италијанскиот весник Ла Верита денеска објави трета група на снимки поврзани со случајот „Рекет“, односно телефонски разговори меѓу првосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13 и бизнисменот Орце Камчев, а според весникот, се вклучува и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, преку телефонот на Јовановски.

Во еден од разговорите Камчев му вели на Боки 13 дека му треба пасошот за да оди до Турција да заврши некоја работа. Притоа, Боки 13 кон трето лице вклучено на спикерфон, за кое весникот наведува дека се работи за Јанева, вели дека Камчев стравувал од обвинителката што го води предметот „Империја“ Лиле Стефанова (Камчев се вклучува со зборовите – не се плашам), по што женскиот глас коментира:

„Многу сум ангажирана затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“.

Весникот објави кратка и долга верзија, кои ги пренесуваме во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e