Новинарите демантираат дека биле нападнати затоа што се критичари на власта

Новинарите Љупчо Цветановски и Дејан Андоновиќ не биле нападнати затоа што се критичари на власта, соопшти денеска еден од нападнатите.

Цветановски и Андоновиќ ноќеска биле нападнати од група лица на возраст од околу 20 години во близина на угостителски објек на ул. „Есперанто“ во Скопје.

Андоновиќ вели дека биле нападнати од група луѓе при излегување од кафеана и кои воопшто не знаеле кои се тие.

МВР презема интензивни мерки за итно и целосно расчистување на настанот.

Владата преку соопштение најостро го осуди нападот врз новинарите што минатата ноќ се случил во Скопје, и овие инциденти ги оцени како неприфатливи и недозволиви.

Оттаму апелираа надлежните институции да алармираат и постапуваат за секој напад или закана против медиумските работници.

Ознаки: ,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e