Нови 13 основни училишта добија согласност за одржување настава со физичко присуство

Владата на вчерашната седница го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, поднесени во периодот од 5 до 6 октомври 2020 година, информираат од владината прес-служба.

Според извештајот, Комисијата разгледала вкупно 39 барања од основни училишта и дала согласност за започнување на настава со физичко присуство на 13 основни училишта, додека барањата на 25 основни училишта не се прифатени.

Комисијата дала делумна согласност на едно основно училиште за настава со физичко присуство за практичната настава со оглед дека станува збор за музичко училиште.

Наставата со физичко присуство годинава поради ковид-19 пандемијата се одржува во оние училишта каде просторните услови го дозволуваат тоа и следењето на ваквата настава е во согласност со здравствените протоколи. Во училниците не треба да има повеќе од 20 деца, кои треба да носат маска и да седат на растојание од еден и пол метар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e