Метлата на Заев денес ќе исчисти триесетина директорски места, дознава 24 инфо од свои извори. На денешната владина седница се очекува да бидат разрешени актуелните директори и да бидат назначени нивните наследници. На минатата владина седница беше разрешен Џеват Исени претседател на Управниот одбор на Акционерското друштво за стопанисување со стамбен и деловен простор. Владата не ги образложи причините за негово разрешување иако во јавноста се појави видео на кое Исени на свадбена веселба играше оро со пиштол.