Николовски со жителите на Оризари: Да не дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создававме овие три години

На последниот ден од кампањата се дружев со жителите на Оризари, истакна генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски.

„Гледаат огромна разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Последниве три години државата тргна напред, направивме историски исчекор.
Nikolovski2Има економски развој, повисоки плати, сигурност, демократија, европски перспективи.

Затоа мора сите масовно да излеземе на гласање и да гласаме за СДСМ и Коалицијата Можеме, за да продолжиме по тој пат.
Се носи голема одлука, и не смееме ништо да оставиме на случајност.

ВМРО-ДПМНЕ носи опасност, сака да не врати во мрачното минато.
Nikolovski3Работата не е однапред завршена, секој од нас треба да преземе чекор и да учествува во големата одлука.

Да не дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создававме овие три години.

Затоа на 15 јули треба масовно да гласаме за СДСМ и Коалицијата Можеме“, затоа што покажавме дека #Можеме, а Можеме уште повеќе, уште подобро“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e