Николовски со желба за богат и квалитетен род кај лозарите: Македонското вино да продолжи да ја носи нашата традиција и успех низ светот

Пратеникот и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со честитка по повод денешниот празник Свети Трифун.

– Честит Свети Трифун на сите лозари и винари!  Нека оваа година ви донесе богат и квалитетен род, а македонското вино да продолжи да ја носи нашата традиција и успех низ светот. Поддршката за лозарството и винарството е од исклучителна важност за нашата економија како и за секој лозар и винарија, порача Николовски.
– Како поранешен министер, со мојот тим креиравме бројни мерки за развој на овој сектор, вклучувајќи грантови од 10.000 евра за малите винарии, зголемени откупни цени за грозје и нови законски гаранции за минимална цена на грозјето. Воведовме и авансна исплата на субвенции и финансиска поддршка за набавка на зелена нафта.Воведовме и финансиската поддршка за промоција на најголемите светски вински саеми. Затоа денес, македонското вино се извезува во повеќе од 40 земји и носи прилив од над 60 милиони евра.
Мојата заложба била и ќе остане поддршка за македонските земјоделци, македонските лозари и македонските винарии, заклучи Николовски во својата објава на официјалниот фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e