Николовски: Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ преку закани, уцени и притисоци насилно доаѓаше до гласови

Во минатото видовме дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е подготвна буквално на се за да додјде или остане на власт. Најсилен но и најмонструозен доказ за тоа е насилството од 27 април, случаите со масовното прислушување, пристисоците кон граѓаните и медиумите, изборните нерегруларности, но и низ други случаи. И денес не е ништо променето во матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, вели во интервју за Ипортал генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

Во однос на предизборните коалициии, генсекот на партијата на власт вели дека е премногу рано да се зборува а прашањето со кого се СДСМ ќе настапи на изборите, дали во предизборна коалиција, се уште е отворено.

За исходот од самите избори, тој смета дека сега кога решението на најголемите проблеми, кои со години не беа решавани, се решени, очекува многу побрз напредок и развој во вториот мандат на партијата.

Мерките не ги носиме заради популизам и гола политика, туку да обезбедиме суштински промени во секое поле, да го подобриме животот на сите граѓани, посочува Николовски во интервјуто.

На седница на Централен одбор на СДСМ бевте избрани за шеф на изборниот штаб за претстојните избори закажани за 12-ти април. На некој начин со теренските посети низ земјава кампањата е започната. Што очекувате во следните месеци? Во која насока ќе ја водите предзиборната кампања?

На последната седница на Централниот одбор беа донесени и други важни одлуки и кадровски засилувања. Веќе е започнат процесот за креирање нови политики, мерки и решенија, заедно со граѓаните ја пишуваме новата програма, Наумче Мојсоски ја води Комисијата за спорт. Партијата е подготвена за престојниот изборен процес, како фаворит. Благодарен сум за укажаната доверба и силната поддршка којашто ми е дадена, како Шеф на Изборниот штаб на СДСМ најавив дека макотрпната работа ќе продолжи, секој ден, секој час, со граѓаните, со членовите, со волонтерите, со граѓанските организации, со сите прогресивни сили во земјава.

Како и впрочем во изминатиот период, откако ја преземав одговорноста на позицијата генерален секретар, СДСМ продолжува да биде меѓу граѓаните. Досега одржавме над 600 маалски и урбани средби и 20 граѓански трибини кои беа одлично посетени, на кои е видлива поддршката на граѓаните. Со внимателност го слушаме гласот на граѓаните, ги следиме нивните потреби. Сите коментари, забалешки и сугестии ги преточуваме во решенија во новата изборна програма, затоа што сакаме Програмата да произлезе токму од граѓаните. Отворивме и можност за граѓаните и електронски да можат да достават предлози за програмата, преку банер на нашата веб страница.

Започнавме и посети од врата до врата. Наши тимови, активисти, функционери, ќе тропнат на секоја врата, ќе пројдат низ секоја улица, маало, во секое населено место. СДСМ е секогаш со граѓаните, до граѓаните, секогаш посеветен на нивните потреби.

Ова што го гледате со трибините и средбите, тоа е дел од засилените активности на партијата во изминатите 3 месеци, и не е врзано со кампањата што следи. Како и во претходните изборни циклуси, СДСМ ќе води интензивна, позитивна предизборната кампања, заснована на принципи, на детална, реална и остварлива програма и на проекти кои носат добро и за граѓаните и за државата. Одиме на победа на 12-ти април за напредокот да продолжи!

Вицепремиерот Бујар Османи во едно неодамнешно интервју рече дека неговата партија ДУИ не размислува за предизборна коалиција со СДСМ. Ваш став?

– Рано е да зборуваме за предизборни коалициии. СДСМ е веќе во коалиција со голем број партии, ја предводи најголемата коалиција во земјава. Коалицијата која ние ја предводиме е составена од партии со различни политички гледишта, различни вери и националности, но она што е важно е дека нас не обединува работата за граѓаните, работата за државата.

Прашањето со кого се СДСМ ќе настапи на изборите, дали во предизборна коалиција, се уште е отворено, се разговара, а затворањето пред се зависи од програмските определби и од тоа кој се политички субјект ќе биде подготвен целосно да застане зад програмата на СДСМ која по изборите ќе значи и Програма за работа на новата Влада која со сигурност ќе ја предводат Зоран Заев и СДСМ.

Каква е атмосферата внатре во партијата? Дали постои консолидација?

– Со еден збор ќе кажам: Победничка! Се чини дека одамна немало толкав степен на кохезија внатре во партијата. Партиските органи и тела се функционални, мотивирани и посветени на многу работа. Комисиите внатре во партијата веќе работат турбо, посветени на изработка на програмите во соодветните сектори, нашите функционери секојдневно се меѓу граѓаните, активно и раздвижено е и на локално ниво во општинските организации и локалните клубови на младите.

Сите капацитети на партијата ги ставаме во служба на граѓаните и нивните интереси. Впрочем тоа го гледате и на овие трибини ширум земјава. Нашиот политички опонент од друга страна никаде го нема, каска далеку зад нас. Велеа секој ден ќе бидат на улици, на плоштади, а тоа не се случува, свесни дека немаат никаква поддршка од граѓаните.

Љупчо Николовски, средби со земјоделци од Старо Нагоричане (4)

Што конкретно очекувате од изборите? На колку пратеници се надева СДСМ?

– Очекуваме граѓаните да потврдат дека сме на правиот пат и дека државата треба да продолжи по овој вистински, прав пат. Тој прав пат води кон раст на минималната плата од 9.000 на 14.500 денари, води кон раст на пензиите од 900 денари, кој зголемување на просечната плата за над 2.000 денари, за само две години. Тој пат води кон раст на платите во здравството, образованието, одбраната, детската заштита, кон редовни и навремени субвенции, кон повеќе пари кај земјоделците, повеќе пари за сите граѓани. Конечно, тоа е прав пат кој во кон НАТО и ЕУ. Ако видиме каде бевме пред две и пол години, а каде сме сега, колку многу мерки од програмат се релизирани и колку тие мерки носат придобивки за граѓаните, со сигруност очекуваме победа на изборите на 12 април.

Сега кога кога решението на најголемите напластени проблеми, кои со години не беа решени, се зад нас, за само две и пол години, многу побрз напредок и развој следува во вториот мандат. Граѓаните знаат да ја препознаат разликата помеѓу криминалното и расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното домаќинско работење на СДСМ и затоа нема да дозволат обнова на режимот, нема да дозволат враќање назад. Во однос на бројот на освени пратенички места, едно е сигурно: освојуваме повеќе мандати отколку ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните се уморни од избори. Колку ве плаши потенцијалната слаба излезност на изборите?

-Факт е дека во последните години пречесто имаше избори, тоа е пред се заради неодговорноста на минатата власт на ВМРО-ДПМНЕ која наместо да решава проблеми, со предвремени криминални избори се обидуваше да манипулира, загрозувајќи ја дури и слободната волја на граѓаните. Од истите причини режимот создаде и политичката криза која траеше долго, но на крај сепак добро е што заврши со избори и промена на режимот со пенкало.

Изборите се сепак најважната демократска придовка и граѓаните тоа свое право секако дека ќе го искористат. Секогаш кога граѓаните требало да донесат важна одлука, мислејќи на иднината на државата, тие реагирале. Ги разбирам граѓаните целосно, но, уверен сум дека изборите ќе бидат успешни и ќе продолжиме по прав пат. Нашата понуда е искрена, чесна и е поткрепена со бројни резултати во изминативе две и пол години. Она што го испорачавме за 2.5 години не е направено во изминатите 11 години. Дали е тоа во делот на враќањето на парите кај граѓаните, дали е тоа во делот на поголемите плати, пензии, на рекордните инвестиции, дали кога говориме за изградени 500 километри патишта, 43 нови градинки, училишта, 400 километри водоводи, нови болници, лекови бев квоти, рекордни и навремени субвенции, пласман, откуп….буквално во секој сегмент од секојдневниот живот на граѓаните. Ние имаме искрен пристап кон граѓаните.

Мерките не ги носиме заради популизам и гола политика, туку да обезбедиме суштински промени во секое поле, да го подобриме животот на сите граѓани. Конечно, живееме во слобода и демократија после 11 години режим и тоа е значајна придобивка. Затоа сме убедени дека тоа ќе биде главен мотив за граѓаните на 12 април да излезат на гласање и да дадат поддршка на нашиот концепт што води на прав пат.

Опозицијата ги користи вашите слабости и пропусти направени во мандатот. Што мислите на што е се подготвена опозицијата?

-Во минатото видовме дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е подготвна буквално на се за да додјде или остане на власт. Најсилен но и најмонструозен доказ за тоа е насилството од 27 април, случаите со масовното прислушување, пристисоците кон граѓаните и медиумите, изборните нерегруларности, но и низ други случаи. И денес не е ништо променето во матрицата на ВМРО-ДПМНЕ.

Гледате едно зборуваат дома, друго надвор, немаат став за клучните прашања, имаат долг од 400 илјади евра за претседателските избори и незатворена сметка. Но, суштинската разлика е што немаат поддршка од граѓаните и немаат никаква моќ која може да ја злоупотребат. И со Мицкоски таа партија функционира по инструкциите на Груевски од Будимпешта. И денес сме сведоци на нивното деструктивно однесување и противење на се што е добро за граѓаните.

Видовме сите дека во Собранието, онаму од каде што добиваат плата од граѓаните, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Комисија го кочеа носењето на Законот за минимална плата, ги кочат измените за Законот за стечајци, не сакаат минималната плата да биде 14.500 денари, не сакаат уште повеќе стејачци да бидат обезбедени.

Граѓаните тоа го гледаат, го чуствуваат. Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ преку закани, уцени и притисоци насилно доаѓаше до гласови. Денес, тоа го нема и затоа на фер, слободни и демократски избори на 12 април граѓаните одново ќе ја поразат деструкцијата на ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволат да се случи обнова на режимот, проджуваме напред. На 12 април СДСМ оди на уште една голема победа!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e