Николовски: Заради теснопартиски и популистички интереси, Чулев по налог на Мицкоски директно поттикна непочитување на мерките за заштита од коронавирусот, затоа мора веднаш да поднесе оставка

Наќе Чулев ќе остане запаметен по неодговорното, несериозно и незрело однесување во време на сериозна здравствена криза, посочи генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Заради теснопартиски и популистички интереси, Чулев по налог на Христијан Мицкоски директно поттикна непочитување на мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот.

Сметката од неговиот несериозен однос, стигнува деновиве преку бројките на новозаболени.

Заради таквото неработење Чулев мора веднаш да поднесе оставка.

Справувањето со последиците од коронавирусот бараат одговорни, сериозни и професионални личности на раководни позиции. Чулев не е ништо од тоа.

Граѓаните и полицајците мора да се ослободат од непрофесионалниот однос на Чулев.

Оставка веднаш“, потенцираше Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e