Николовски за скандалот со „Еразмус Плус“: Случајот целосно ќе се разреши, драго ми е што јавноста реагира

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски во вечерашното гостување во „Економски магазин“ на Алсат ТВ  говореше за случајот кој деновиве „крена прашина“ во јавноста – случајот со евентуална злоупотреба на европски пари од страна на „Еразмус Плус“ програмата на чело со Лидија Димова.

-Не може да очекуваме за еден ден или ноќ да се реши случајот. Мене ми е многу драго затоа што јавноста реагира затоа што досега општеството беше затворено, медиумите, граѓанското општество, Антикорупциска беа под „режим“. Ако сакаме да си го доведеме во ред општеството не треба да не чудат реакциите од медиумите и јавноста на вакви скандали, рече Николовски.

Вицепремиерот посочи дека нема ништо чудно кога низ трансформацијата пред која сме исправени како општество, како што рече, јавноста ке реагира на неправилностите или незаконитите однесувања на институциите.

-Инсистираме случајот целосно да се разреши. Ние сме на почетокот на борбата против корупцијата, како прва Влада која целосно се држи до  принципите и начелата за кои зборувавме. Во последниве три години се отворија  разно разни случаи кои претходно, за време на режимот се криеа, сега со транспарентноста информациите се достапни до медиумите. Не може да се правиме слепи. Никој не е заштитен и над законот токму затоа излегуваат случаите, дециден е Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e