Очекувам во оваа 2020 година да продолжат процесите кои гордо ги води СДСМ и кои значат подобар живот за сите граѓани, повеќе пари, повисоки плати, пензии, економски напредок и очекувам да продолжиме да градиме едно демократско општество кое силно чекори кон НАТО и ЕУ, вели генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во изјава објавена во најновиот број на неделникот Фокус.
Тој додава дека се отворени за соработка со секоја политичка партија која, според него, ќе добие доверба од граѓаните и истовремено ги дели истите демократски и европски вредности.
–СДСМ веќе предводи коалиција од 30-тина партии, во овој период по празниците ќе разговараме со нашите партнери во и надвор од оваа коалиција. Факт е дека коалицискиот капацитет на СДСМ е најголем, СДСМ е најпосакуван партнер, што не е случај со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е пред се поради нашиот искрен пристап, нашите принципи и политики за сите граѓани, нашиот концепт едно општество за сите. Тоа е препознаено и од граѓаните и од партиите. Согласно волјата на граѓаните и подготвеноста да се прифати нашата програма, ќе ја формираме и идната коалициска Влада – објаснува Николовски.
Целата сторија прочитајте ја во новиот број на неделникот Фокус.