Николовски за А1он: Убеден сум во победа, граѓаните не сакаат да се вратат во несигурност и страв на ВМРО-ДПМНЕ кое уште е под кормилото на Груевски

На последниот ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори во интервју за „А1он“, генералниот секретар на СДСМ и носител на листата во ИЕ 3, Љупчо Николовски рече дека е време ДУИ да заминат во опозиција и додаде дека нема да прифатат уцени од било која партија при изборот на коалициски партнер. На политичките опоненти

ВМРО-ДПМНЕ им порача да престанат да шират лажни вести и да си ги решат проблемите во партијата, да направат вистинска реформа, затоа што рече, партијата ја води уште старото груевистичко ВМРО кое нема што да им понуди на граѓаните.

На прашање какви се анализите на СДСМ, односно коалицијата „Можеме“, колку мандати очекуваат, какви се шансите за освојување на власта, Николовски вели дека коалицијата ќе има сигурна победа?

„Убеден сум во голема и цврста победа. По 10 000 извозени километри низ Истокот, 22 општини, сите населени места ги пројдов и секаде слушам – да! Дишеме слободно, зборуваме слободно! Сега сакаме да одиме напред!

Млади и стари, бизнисмени и работници, доктори и текстилци, пазарџии и трговци, се видов со сите. Ги ценат сите успеси што ги направивме за кратко време. Знаат со која партија на власт се чувствуваат повеќе безбедни. Со која партија сметаат дека може до крај да се доведат преговорите со ЕУ. Која партија може да донесе стабилност и поддршка од меѓународната заедница, вели Николовски.

Целото интервју на генералниот секретар на СДСМ И носител во ИЕ 3, Љупчо Николовски за А1 он на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e