Николовски во посета на успешни ИПАРД корисници во Лозово: Нови 14 милиони на располагање за земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска беше во посета на фамилијата Давитковски, од Лозово.

1

– Стојан заедно со неговиот син се занимаваат со лозарство и се успешни ИПАРД корисници, добитници на трактор.
Европската унија е единствената шанса за Македонија. Тоа го гледаме преку многуте успешни ИПАРД приказни. Веќе е распишан повикот за мерката 3 од ИПАРД 3 програмата, со која на располагање ставаме 14 милиони евра, порача Николовски.

2-Од некогаш заробена и изолирана држава, денес сме држава од која другите земаат позитивен пример. Земја која своето искуство го пренесува на другите. Нашата држава е посочена од Европската Комисија, како една од земјите, која е на нај напредно ниво во делот на усогласеноста на земјоделскиот сектор со европските земјоделски политики и користењето на средствата од ИПАРД програмата, вели министерот Николовски.

4

Министерот Николовски и неговиот тим од срце, топло и домаќински беа пречекани од фамилијата Шерифови, земјоделци од село Дорфулија, Лозово. Добитници на два трактори преку ИПАРД и преку Националната програма вредно си ја работат земјата со тутун, житарки и луцерка.
436935807_965364128290757_2875544924264150621_n
– Земјоделците денес повторно имаат довреба во институциите. Знаат дека со нас како министерство добиваат фер и еднаква шанса. Македонија е земја лидер во регионот во реализација на ИПАРД 2 програмата, со над 2.100 реализирани договори и искористени скоро 100% од средствата, односно 59,7 милиони евра. Европа нуди еднакви шанси за секој, затоа сигурно чекориме по европскиот пат, за подобра иднина за сите, додаде Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e