Николовски во Белград на средба со Брнабиќ: Заеднички проекти за подобра и попросперитетна иднина на нашите народи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска е дел од владината делегација која е во посета на соседна Србија.
-Продолжуваме да градиме партнерски и добрососедски односи. Нашите две пријателски земји соработуваат во сите области, а особено во доменот на земјоделството. Стабилен и економски разиен Западен Балкан, е наш приоритет, дециден е Николовски.

Тој оствари средба со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и претставници од Владата.

-Ги разгледавме многуте можности од заедничките проекти за подобра и попросперитетна иднина на нашите народи. Нашите заложби за европска иднина, како и реформските процеси и услови за кои се залагаме да ги исполниме за што побрза интеграција во ЕУ, остануваат во заеднички фокус, вели министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e