Николовски: Вирусот КОВИД – 19 е реална појава и затоа секој мора да ги почитува сите мерки – во целост

Вирусот КОВИД – 19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„На тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба. Покажавме дека имаме добра стратегија, ефикасните мерки дадоа резултати, но само заедно со граѓаните и со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме. Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки – во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата.

Овој викенд сите да останеме дома со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e