Николовски се враќа во МЗШВ со крупни проекти во корист на земјоделците

Гласањето за новата влада на мандатарот Димитар Ковачевски е закажано за овој викенд.

Доколку биде подржана од мнозинството пратеници, во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се врати Љупчо Николовски кој оваа функција ја извршуваше од 2017г до 2019г.

Николовски, во овој ресор за прв пат влезе како дополнителен заменик министер во пржинската влада, храбро застанувајки на страната на земјоделците кои во тој период од тогашната власт беа манипулирани и користени пред секои избори. Плодната македонска почва наместо кај вистинските земјоделци завршуваше во “рацете” на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и членови на нивните семејства. Субвенциите се исплаќаа селективно, на ден пред избори.

Николовски, тогаш јавноста го препозна по неговата храброст и решителност да ги извади на виделина сите злоупотреби кои биле правени во ова министерство. Преку секојдневните прес конференции, граѓаните беа запознаени со десетици случаи на кршење на законите и нанесување на штета на буџетот од страна на функционерите на тогашната власт.

ljupcho

По падот на ВМРО-ДПМНЕ, скоро сите министри за земјоделство од владите на Груевски завршија во притвор со тешки обвиненија за проневера на милионски суми на пари а нивните имоти беа замрзнати.

11

22

По формирањето на владата на СДСМ во 2017г Љупчо Николовски застана на чело на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

ljupcho

Во периодот додека тој беше министер (2017-2019), започна неселективната и навремена исплата на субвенциите, тогаш кога им се најпотребни на земјоделците.

За време на неговото двегодишно управување со МЗШВ, исплатени се 305 милиони евра субвенции од Програмите за поддршка на земјоделството и руралниот развој.

За првпат 424 млади земјоделци добија финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра. Зголемена финансиската поддршка за млади земјоделци од 10.000 на 20.000 евра.

Со измени на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството се зголемија субвенциите за производителите на ориз на 24.000 илјади денари по хектар со сертифициран материјал и 18.000 денари по хектар без употреба на сертифициран материјал.

Во 2018 година беа воведени 20% повисоки субвенции за растително производство и 10% за сточарско производство, за категоријата земјоделци со потенцијал за развој.

78

 

Измени на Законот за персонален данок.

За прв пат е подигнат прагот од 300 илјади денари на 1 милион денари. На земјоделците со основна дејност земјоделство и земјоделците со приход до 1 милион денари им се овозможи право на поврат на данокот.

55

Решен долгогодишниот проблем на лозарите.

Беа исплатени 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаат кон лозарите за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година.

66

Донесени закони:

  • Нов Закон за тутун и тутунски и сродни производи
  • Нов Закон за земјоделско земјиште
  • Предлог Закон за изменување и дополнување на Законот за винo
  • Измени на Закон за земјоделство и рурален развој

Изработени и пуштени во владина постапка:

  • Предлог закон за нус-производи од животинско потекло
  • Предлог закон за идентификација и регистрација на животни
  • Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните
  • Предлог закон за донирање на вишокот на храна

88

Прв пат после 10 години се направија ортофото снимки од земјоделските парцели преку проектот ,,Изработка на ортофото карти и дигитализација на употребата на земјоделското земјиште“,

„Финализирање на мрежата на сметководствените податоци на фарми ФАДН“ – 800.000 евра,

„Градење на основа за реформа на секторот за тутун“ – 864.000 евра

„Мали еколошки системи за наводнување“ – 1.630.000 евра
„Поддршка на активностите за спроведувањето на земјишнаполитиказаконсолидација“ – 2.500.000 евра
„Поддршка на развојот на земјоделски задруги во РСМ“ –1.980.000 евра
„Воведување и имплементација на мерките за Заедничко уредување на пазарите” – 696.500 евра
„Подобрување на интероперабилноста и ефективноста на ИАКС системот“ –1.610.000 евра

„Евалуацијана влијанието од ИПА и националните фондови врз реформите во секторот за земјоделство и рурален развој“ –128.000 евра
„Подобрена имплементација на здравјето на животните, сигурноста на храна и фитосанитарно законодавство и коресподентни информативни системи” –1.591.770 евра

„Набавка на возила и ИТ опрема за потребите на МЗШВ и АФПЗРР” – 1.534.837 евра
„Конструкција, рехабилитација и надградба на мали и системи за наводнување (Чаушица,Славичко поле и Колибари)” –3.000.000евра.

99

1010

Проекти кои се поддржани од Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации – ФАО (5.7 милиони долари)

  • Национална Програма за Консолидација на Земјиште – MAINLAND
  • Развој на зелен и конкурентен под-сектор за бројлери кој придонесува кон намалена сиромаштија и подобрена исхрана за населението
  • Приватизација на државно земјоделско земјиште
  • Поддршка за интегриран локален развој
  • Безбедност на храна и стандарди за квалитет за млечниот сектор
  • Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд
  • Зајакнување на националната Кодекс структура во земјата
  • Стратегии за намалување на загуби и отпад од храна
  • Поддршка за подобрување на националниот надзор на штетници на растенија и системот за фито-санитарна сертификација
  • Итни мерки за справување со Африканска свинска чума на Балканот
  • Подобрена методологија за собирање податоци за одржливо управување со рибни ресурси во Западен Балкан.

123

Кратење на непродуктивните трошоци
Обезбедени се финансиски средства за обновување на возниот парк на подрачните единици на МЗШВ, со што се обезбеди максимална мобилност на службите на терен и поблиска комуникација со земјоделците.

24

Oбезбедено наводнување на нови 32.500 хектари
Завршена изгрaдбата на систем за наводнување на јужната долина на реката Вардар прва фаза, и почеток на изградба на втора фаза од системот.
Започната изградба на браната “Конско“ во Гевгелија.
Со поддршка на ЕУ, започна изградба на три системи за наводнување во Чаушица, Славишко Поле
и во Колибари.

Обезбедени 3,5 милиони евра за заокружување на реализацијата на првата фаза од Проектот за водоснабдување ХС Злетовица. Завршена реконструкцијата на браните “Пишица“, “Мавровица“, “Слатино“, “Дрен“, “Липа“. Започна изградбата на браната “Речани“ на Оризарска Река во општина Кочани.

25

26

Ова се само дел од реформите и проектите реализирани додека на чело на МЗШВ беше Љупчо Николовски.

Доколку денот по утрото се познава, тогаш и во наредниот период, во овој сектор може да се очекуваат многу нови проекти кои ќе значат развој на земјоделството и ќе бидат од корист за сите земјоделци, затоа што враќањето на Николовски во МЗШВ е токму на нивно барање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e