Николовски се вклучи во хуманитарната акција „Месец на хуманост – Гази Баба се грижи“: Да донираме, преку скромни чекори да направиме некое семејство среќно

Чест и задоволство ми е што денеска преку скромна донација се приклучувам на акцијата на општина Гази Баба Месец на хуманоста – Гази Баба се грижи, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.
Nikolovski11„Ова е навистина благородна идеја, идеја за поздравување, акција преку која граѓаните им помагаат на своите сограѓани, на оние кои имаат најголема потреба од помош.
Му благодарам на градоначалникот Борис Георгиевски што ме вклучи во оваа хумана мисија и ја користам приликата да ги повикам сите граѓани кои се можност да донираат, да помогнат колку што можат.
Да донираме, да се грижиме, преку скромни чекори да направиме некое семејство среќно.
Грижата за сите продолжува и овде во Гази Баба и низ целата држава“, посочи Николовски.
Nikolovski1111

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e