Николовски: До победа над вирусот се доаѓа само со дисциплинирано држење до мерките

Благодарен сум и среќен што на истокот каде што е мојата изборна единица, мерките се помалку рестриктивни и нема целосна забрана на движењето, па имав шанса на кратко да отидам на чист воздух до Берово, во најубавата природа од овој дел од земјата, вели на социјалната мрежа Фејсбук Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

“Ви го пишувам ова од мојот роден град, Крива Паланка. Не сум прекршил никаков карантин, ниту некогаш ќе го игнорирам поставениот ред.

Има други неодговорни политичари и поединци кои го прават тоа, и со лажни вести истото нема да им се покрие.

Верувам дека ова е последниот ваков викенд и дека сите сфативме дека до победа над вирусот се доаѓа само со дисциплинирано држење до мерките и со силна ангажираност и одговорност од секој од нас. Нема друг начин.

Да го оставиме сето ова зад нас што побрзо. Знам дека можеме”, вели Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e