Николовски-Паолучи – Проект за модернизација на земјоделството финансиран од Светка банка

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска се сретна со Масимилијано Паолучи, шеф на Канцеларијата на Светска банка во Република Северна Македонија.

Николовски и Паолучи разговараа за напредокот на имплементацијата на Проектот за модернизација на земјоделството финасиран од Светка банка, како дел од нашата долгорочна политика за обезбедување на сигурни и безбедни синџири на снабдување со здрава храна за нашите граѓани.
Nikolovski2„Ќе изградиме два откупни центри во Струмица и во Ресен и логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје. Обезбедени се средства (1 милион евра) и за грантови на земјоделците за унапредување на квалитетот на земјоделските производи преку воспоставување на современи методи за производство и дистрибуција на храна до крајните потрошувачи“, истакна Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e