Николовски: Овозможивме стипендии за студентите од Земјоделскиот, шумарскиот и ветеринарниот факултет

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски изрази задоволство што им се помага на студентите со стипедии.

-Среќен сум што заеднички успеавме, и овозможивме стипендии за студентите од Земјоделскиот, шумарскиот и ветеринарниот факултет. Со месечна стипендија од 18.000 денари за девет месеци во годината ги мотивираме младите да се запишат на една од овие благородни науки. Продолжуваме цврсто да стоиме на ставот дека за вас како студенти мора да има стипендии, за подобро образование и практична настава, а со тоа и развој и напредок на државата, порача денеска министерот Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e