Николовски: Нека е честит денот на даночните работници

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, вечерва, присуствува на прием во УЈП по повод Денот на даночните работници „Св. Матеј“.
-Нека е честит денот на даночните работници. Овие години УЈП преку посветена работа на вработените и на директорката Сања Лукаревска прерасна во институција која е во служба на граѓаните, обезбедувајќи стабилни приходи на државата за реализација на сите услуги кон граѓаните. Преку проектот Мој ДДВ заедно со граѓаните се засили фискалната дисциплина, а парите ги враќаме назад кон граѓаните, порача Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e