Николовски најавува година на контроли: Ќе работиме многу строго со ветеринарните друштва

Оваа година ќе биде година на контролите, година во којашто ќе работиме многу строго со ветеринарните друштва заради тоа што детектиравме пропусти. Контролата од страна на Платежната агенција, контролите што мора да ги направи ДИЗ во делот на оризот, најави министерот Николовски во вечерашното гостување на ТВ СТАР.

-Во делот на оризот има информации дека одредени откупувачи прават фиктивни договори со оризопроизводителите за откуп на ориз, тој ориз е пријавен преку ковид пакетите да биде поддржан, но тој ориз е сеуште кај оризопроизводителите, затоа сакаме да знаеме што се случува, треба да се знае колку ориз е неоткупен за да можеме да ја продолжиме мерката. Конторлите на ветеринарните друштва, анализите што се спроведуваат со Светска банка, со ФАО ќе ги направиме за цената на чинење на производите и што е тоа што стратешки државата треба да го продолжи, затоа верувам дека оваа година ќе ја искористиме да тие анализи бидат комплетирани и следната година да бидеме усогласено со ЕУ, изјави Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e