Ги слушаме проблемите, ги надминуваме пречките и предизвиците со кои се соочуваат земјоделците, при процедурата со доделување на грантови, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на средба со претставниците од малите винарии и производители на храна. Лично им пренесе дека никој не е заборавен и никој нема да биде изоставен од поддршката која ја нудиме.
– Заедно ќе изнајдеме решение и сите ќе имаат можност повторно да аплицираат на јавните повици. Сепак, треба сите да сме свесни дека одговорноста за раководење со државни пари е огромна и не треба да има ни најмала грешка во таа насока, особено во исполнувањето на условите за грантот, порача Николовски.
– Средства има обезбедено за сите. Поддршката за малите семејни винарии и производители на храна е наша и моја заложба, за кратко време успеавме да поддржиме над 300 мали бизниси и на тоа сите треба да сме горди. Продолжуваме посветено во интерес на земјоделците, дециден е Николовски.