Николовски: Каналите не се исчистени, ама парите легнале на сметки на бизнисмени блиски до власта

“Криминалот на власта има огромни последици по безбедноста и сигурноста на граѓаните. Со поплавите на површина испливаа целото неодговорно и криминално работење, за кое со документи алармиравме уште во јануари оваа година.

Само во 2014 година, преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, исплатени се повеќе од 2,5 милиони евра за одржување на каналска мрежа за одводнување и наводнување на земјоделско земјиште и инвестиции наменети за водостопанство.” – изјави Љупчо Николовски од СДСМ.

“Повторно, овие пари легнуваат на сметките на фирмите блиски до владејачката партија. Се работи за следните:

Стентон градба – близу 400 илјади евра

Силекс Неметали – близу половина милион евра

Трансмет – близу 700 илјади евра

Жикол – над 800 илјади евра.

Исто така, во конечниот извештај за финаниското работење за 2014 година на оваа иста агенција позади нас, Државниот ревизор констатирa дека близу 3 милиини евра (или точно 177.183.000 ден.) се исплатени токму преку оваа мерка без при тоа да биде спроведена контрола на лице место и за тоа официјалните контролори на оваа агенција да достават записници.

Од парите за чистење на канали близу 700.000 евра, завршиле во фирмата „Трансмет“. Нејзиниот сопственик Сеад Кочан, на почетокот на оваа година ја отвори и ТВ Нова, уште една телевизија на која можат да се слушнат многу пофални зборови за власта. Се работи за „оној што има Сеат Ибица“, како што би рекол Никола Груевски, а слушнавме во „Вистината за Македонија“.

Близу половина милион евра завршиле кај Силекс Неметали, фирма во сопственост на Силекс АД Кратово, која пак е во сопственост на коалициониот партнер на Груевски, Љубислав Иванов – Ѕинго, чиј син е пак сопственик и на Сител телевизија.

Во време на склучување на договорот со Силекс Неметали и исплата на парите, министерот за земјоделство Михаил Цветков, е член на Управниот одбор на Силекс АД Кратово. Тоа е класичен судир на интереси, за кој веќе поднесовме кривична пријава и очекуваме разврска.

Еве го и договорот кој Министерот го склучил со фирмата која е во сопственост на друга фирма каде тој бил член на Управниот одбор.

Токму врз основа на овој договор, тежок половина милион евра, кон крајот на 2014 и почетокот на 2015 година, требало да се чистат каналите во Скопско поле.

За ова и за сите други злоупотреби направени на сметка на безбедноста и животите на граѓаните, виновниците ќе одговараат.

По 11 декември доаѓа нова влада на која приоритет ќе и бидат граѓаните, а не полнење на приватни џебови!” – додаде Николовски.

1

2

3

4

5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e