Николовски ја посети првата краварска фарма изградена со пари од ИПАРД

Денеска во посета на првата краварска фарма во земјава која што се гради преку одобрен проект за гринфилд инвестиција со пари од ИПАРД Програмата, беше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Инвеститор е компанијата „Ти-Ми Инженеринг“, а вкупната инвестиција е во вредност од 28 милиони денари. Министерот Николовски се запозна со начинот на реализација на инвестицијата во оваа краварска фарма, која што е финансиски поддржана од ИПАРД Програмата.

“Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – #МЗШВ, посветено работи на спроведување на Националната програма за рурален развој, и на поголема искористеност на парите од претпристапните ИПАРД фондови, кои се важни за модернизирање, развој и приближување на македонското кон европското земјоделство.

Со цел подобро да се искористат парите од ИПАРД Програмата, работиме на приближување на постапката за одобрување на финансиски средства од европските фондови до секој земјоделец и поедноставување на административните процедури за пријавување.” – потенцира Николовски.

 

20374372_2013873005500895_3166739475229217645_n

20374467_2013873072167555_8795229727615550488_n

20430160_2013873038834225_3473373819240119186_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e