Николовски и Иванов потпишаа Меморандум за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралните области и шумарството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска со неговиот колега, министерот за земјоделство на Република Бугарија, Иван Иванов во рамки на меѓувладината седница го потпишаа Меморандумот за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралните области и шумарството.
Nikolovski77Овој значаен билатерален договор е голем чекор за зацврстувањето и унапредувањето на билатералната и трговската соработка помеѓу двете држави, истакна Николовски.

„Веднаш започнуваме со подготовка за формирање на работните групи од двете министерства кои ќе работат во следните области:
📌Имплементација на Инструментите за претпристапна помош во ЕУ;
📌Земјоделските науки;
📌Шумарство и Ловство;
📌Органско производство и преработка на органски земјоделски производи;
📌Биотехнологии во полјоделството и во сточарството;
📌Селекција и репродукција во сточарството;
📌Транснационална соработка во руралната област и други области од заеднички интерес“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e