Николовски: Инспекторите продолжуваат со интензивни контроли, затворени два угостителски објекти

Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски истакна дека инспекторите продолжуваат со интензивни контроли и надзори на терен.

„Во изминатата седмица, извршени се 4080 контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони. Затворени се два угостителски објекти поради непочитување здравствени протоколи.
Во рамки на своите наделжности, како клучен контролен механизам за спроведување на мерките и протоколите инспекциските служби претставуваат една од најважните карики за заштитата на јавното здравје и земаат активно учество во борба против коронавирусот“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e