Николовски: Иако сме разделени, остануваме обединети и сплотени како никогаш досега. Само така ќе успееме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, упати велигденска честитка нагласувајки дека оваа година, иако заради ситуацијата во државата сме разделени, остануваме обединети и сплотени како никогаш досега и дека само така ќе успееме.

Во продолжение целосната честитка на Николовски:

Се радуваме во срцата, ги прочистуваме телото и душите и ја одбележуваме најголемата победа – победата на животот врз смртта. Но, истовремено остануваме свесни за опасноста со која се соочуваме и делуваме мудро, за и ние да извојуваме победа на животот. Оваа година Христосовото Воскресение го дочекавме во нашите домови. Велигден – празникот над празниците, го славиме на еден поинаков начин.

Иако сме разделени, остануваме обединети и сплотени како никогаш досега. Само така ќе успееме. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e