Николовски: Го поттикнуваме домашното производство, создаваме нова економска визија за европска Македонија, почитувана дома и надвор

И Велес се покажа дека е за напред, за силно и одлучно кон иднината со СДСМ, истакна вечерва министерот за земјоделство, шумарствони водостопанство, Љупчо Николовски на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во Велес.
Николовски„Преполната сала, громогласните аплаузи и овации го покажуваат токму тоа.
Во време на најголема светска криза, приоритет е зголемување на домашното производство на храна и силна навремена и ефикасна поддршка на домашните земјоделци и тоа го покажуваме на дело. Со одвоен најголем Буџет досега за земјоделците близу 9 милијарди денари, ги исплаќаме сите заостанати обврски кон земјоделците. Го поттикнуваме домашното производство, создаваме нова економска визија за европска Македонија, почитувана дома и надвор, идна горда членка на ЕУ“, посочи Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e