Николовски ги демантира Канал 5 ТВ: Не е точна веста дека Заев ќе биде премиер 3, а Зибери – една година

За објавената НЕТОЧНА вест на Канал 5 телевизија со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери –ДУИ ќе управува со УЈП и МВР.

Имам почит кон телевизија Канал5 и кон останатите медиуми кои успешно функционираат на и онака тешкиот медиумски пазар во државата.

Сепак, разбирајќи ги проблемите со кои се среќаваат сите медиумски професионалци, замолувам за малку поголема свест при пренесувањето наполно неточни информации.

Јас и СДСМ стоиме на располагање за изјави, прашања и коментари, тоа медиумите многу добро го знаат, заврши времето на нарачки, закани и насилство кон медиумите. Медиумската слобода е тука, но нека се користи на прав начин и за добро, не за ширење лажни вести за кликови и рејтинг.

За подобро утре на сите нас, да бидеме сите малку попрофесионални во своите дејности.

Благодарам.

ФБ пост на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и пратеник

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e