Николовски: ДКСК доби три ката во најдобрите простории со кои располага државата

Вицепремиерот Николовски во изјава за медиумите денеска потсети дека согласно вчерашната владина одлука, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) доби три ката во најдобрите простории со кои располага државата преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР). Во најскоро време, истакна, ќе се реализира и тендерот за софтверот на ДКСК и ќе се обезбеди потребната опрема, пренесе Сител.

-Како нова генерација луѓе во политиката, ќе направиме се за да покажеме и докажеме дека чесно, искрено и одговорно ќе работиме на борба против корупцијата и дека ќе носиме политики во тој правец. Се носи Стратегијата, се менува Законот за борба против корупција, отвораме теми како законско решение за потекло на имот, работиме на интероперабилност на институциите, потенцира Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e