Николовски со честитка за Денот на Свети Јоаким Крчовски – голем празник на Крива Паланка

Министерот Љупчо Николовски со честитка по повод Денот на Свети Јоаким Крчовски.
– Честит 23 Мај, Денот на Свети Јоаким Крчовски, и голем празник на Крива Паланка. На ова македонско тло живееле учители и светци, кои оставиле значајни белези во македонската писменост.
Меѓу нив е и Свети Праведен Јоаким Крчовски учител и просветител, автор на првата книшка на народен македонски јазик, на кратовско- кривопаланечкиот говор. Неговото дело претставува почеток на македонската книжевност.
Нека е за многу години Денот на мојата Крива Паланка, нека е вечно сеќавањето на големиот Јоаким Крчовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e