Николовски со честитка: Да го прославиме овој голем ден и да се потсетиме на неопходноста и придобивките од меѓусебното почитување, разбирање и помагање

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски со честитка по повод денешниот празник.
На сите православни верници и на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, им го честитам големиот празник – Св. Климент Охридски.
Да се водиме од неговите духовни вредности и да ја славиме Охридската книжевна школа што нè обврзува на солидарност, мудрост и негување на цивилизациските вредности. Да го прославиме овој голем ден и да се потсетиме на неопходноста и придобивките од меѓусебното почитување, разбирање и помагање.
За многу години и честит празник! – порача Николовски во честитката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e