Николовски: Честа е голема, македонски компании на пролетниот Бјеловарски саем во Хрватска

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски е во дводневна работна посета на Хрвaтска.

Денеска во Бјеловар, заедно со колегите од Хрватска, го одбележуваа почетокот на 24-тото издание на пролетниот Бјеловарски саем.

336985793_3197629417049125_3910818228066932768_n

-Северна Македонија за прв пат е земја партнер на еден ваков реномиран саем со долгогодишна традиција. Огромна е можноста и честа што Северна Македонија е земја партнер на оваа голема манифестација.
На Бјеловарскиот саем учествуваат над 400 изложувачи од 11 држави, што е најголема потврда за значењето на овој саем. Во моето излагање ја истакнав важноста на пријателството кое се гради преку ваквите меѓународни саеми, што е подеднакво важно како и убавата енергија, мотивацијата и новите успешни бизнис приказни, соопшти министерот Николовски.

336909249_1626935231063385_8441739149126040939_n (1)
Со поддршка на македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, пред посетителите на Бјеловарски саем ќе се претстават македонски компании со своите производи и брендови во кои се вткаени единствени македонски вкусови и традиција на македонското поднебје.

Претходни Николовски рече дека очекува успешно саемско претставување и многу нови контакти кои би донеле нови можности за пласман на нашите домашни земјоделски производи.

337549574_1182817563112913_1842162310208388594_n

Министерот Николовски вчера оствари средба и со министерката за земјоделство на Хрватска, Марија Вучковиќ  на која се разговараше за jакнење на трговската размена помеѓу двете пријателски земји и за македонските пристапни преговори во областите на земјоделството и руралниот развој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e