Николовска: Ништо не може да го заштити здравјето на граѓаните подобро од целосно функционални институции, ново Собрание и Влада, затоа избори на 5 јули

Заклучокот на денешната координативна средба со кандидатите за пратеници од шестата изборна единица е дека за државата и за здравјето на граѓаните е неопходно веднаш по завршувањето на вонредната состојба да има избори, изјави Фаница Николовска, носителката на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 6.

„Ништо не може да го заштити здравјето на граѓаните подобро од целосно функционални институции, ново Собрание и Влада, со полн легитимитет од граѓаните, ослободени од политички кочници и партиски калкулации на ВМРО-ДПМНЕ.

Зголемувањето на бројките на заболени во последните денови се должи и на саботажите и крајнo неодговорното однесување на Наќе Чулев и неговиот ментор Мицкоски.

Наќе Чулев наместо да се грижи за здравјето на граѓаните извршува партиски задачи, не презема соодветни мерки и со тоа го загрозува здравјето и го саботира системот.

Затоа како држава мора да имаме целосно функционален политички систем, активно Собрание и Влада со целосен политички легитимитет.

Бројките велат 22 дена после завршување на вонредната состојба е 5 јули и тогаш треба да се одржат изборите. Друг правен механизам нема.

Избори после овој термин се правно неиздржани, не се праведни за граѓаните и го загрозуваат нивното здравје.

Несериозно е барањето за избори среде лето, кога граѓаните користат годишни одмори. Не смееме да дозволиме да биде загрозено избирачкото право на граѓаните, ниту правото на летен годишен одмор.

Избори на есен се опасна идеја и за здравството и за економијата.

Државата не може да продолжи да функционира со техничка влада и без Парламент. Овие две институции мора да се во полн технички и политички капацитет, за да се подготви за предизвиците што не очекуваат.

Секој оној кој сака да ги одложи изборите, сака да ја продолжи кризата, и не им посакува добро на граѓаните.

Ние сме одговорна партија и нема да го дозволиме да се загрози здравјето на луѓето или да влеземе во уставна криза.

Мора да научиме да живееме со вирусот. Сите ние заеднички да се заштитиме со тоа што доследно ќе ги почитуваме мерките и препораките“, истакна Николовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e