Николоски: После силниот притисок кој го направивме, Заев се согласи на предвремени избори (ВИДЕО)

„После фијаското кое што му се случи и силниот притисок кој ние го направивме вчера се согласи на предвремени парламентарни избори. Ако до денес не се премисли, тогаш да се договориме технички за истите. Ако се премисли ќе направиме силен притисок за предвремени парламентарни избори да се случат. Во однос на очекувањата многу едноставно е Република Македонија има изборен законик и има Устав, треба двата да се испочитуваат и да одиме на избори“, изјави денеска Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој смета дека тоа што Зоран Заев и СДСМ го имале на претходните избори, сега треба да го има ВМРО-ДПМНЕ и да се оди на чисти, фер и демократски избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e