Никола Груевски уапсен во Унгарија, со лисици е однесен во Суд

Утрово околу 06.30 во близина на Будимпешта, уапсен е поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

Груевски моментално се наоѓа во полициската станица, а како што пишуваат унгарските медиуми тој се наоѓа заедно со неговиот адвокат. При апсењето како што пишуваат медиумите Груевски, бил видно вознемирен, но не се противел и веднаш бил спроведен во најблиската полициска станица!

Во моментов, тој е во судница каде се одлучува за неговата екстрадиција по барање на Македонија. Во текот на денот полицијата ќе изнесе повеќе информации.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е прогласен за виновен во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) познат во јавноста како „Тенк“ кој се однесува на набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“ и осуден на две години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e