Никој не бил против датумот за преговори, потврда и од романското претседателство

Оваа есен Северна Македонија очекува датум за почеток на преговори со Европската унија, а самите преговори би почнале до крајот на годината. Земјата, како што изјави вчера премиерот Зоран Заев добила писмена гаранција за датум за почеток на преговорите наесен, а за тоа се согласиле сите земји и иако некои од нив имале забелешки во однос на одредени аспекти на спроведените реформи од страна на Северна Македонија, сепак ниту една земја не била против.

Дека ниту една земја-членка не се противела вчера потврди и романското претседателство на Унијата, кое реагираше на шпекулациите дека седум членки завчера на Советот за општи работи биле „против“ преговори со Северна Македонија. Информациите се демантирани и на вебсајтот на Министерството за надворешни работи на Луксембург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e