Ние нему фикус, он нам пуч. Сега ние сме на ред!

Иванов со недоделувањето на мандатот изврши класичен ПУЧ во државата. Добро, не е прв пат да го доживееме, на 24.12.2012 година имавме уште еден, тој го именувавме како “Црниот понеделник”. Денешниот можеме да го именуваме како “Црниот Хорхе” или “Црната среда”, како сакате.

Она што е различно од “Црниот понеделник” е дека веќе нема обид за спинување, фикусот се одважи и кажа дека не му дозволува на парламентарното мнозинство да состави Влада. И тука става точка. Па дури потоа ги спинува и ги оправдува причините за пучот.

Ова од Хорхе беше за очекување, впрочем се ова Груевски го најави во говорот пред ДИК. Ова е таа блокадата на институциите која бившиот премиер ја најави вечерта.

Не знам денот пред нас што ќе донесе, но сите претпоставки за екстремно црни сценарија се исполнети. Во Македонија е извршен пуч. Режимот ни кажа дека нема намера да дозволи трансфер на власта. Фашистичките орди дивеат по улиците, извикуваат фашистички пароли од типот “Чиста Македонија”, тепаат луѓе, новинари, стари и изнемоштени лица, жени во шамии, кршат опозициски штабови. Режимските медиуми еуфорично подгреваат омраза и албанофобија. Слугите на режимот, преставени како експерти и политичари, исто така сеат омраза, а тоа го преставуваат како одбрана на државата. Режимот на чело со Иванов влезе во директна конфронтација со НАТО, САД и ЕУ.

Сите предуслови режимот да иницира конфликт се исполнети. Уште ми одекнува онаа прашална реченица на Протуѓер, слушната во “бомбите”, со која ја прашува Јанкуловска “А војна да направиме?”. Затоа потполно ги разбирам сите оние кои од меѓународната заедница бараат брза интервенција. Твитовите на Хан нема да ни значат многу ако почнат да паѓаат жртви.

Немам сомнеж дека со груевизмот е готово. Прашање е само колкаво злодело ќе направат водени од стравот кој им го заматил разумот. Затоа уште еднаш апел до целата демократска јавност: да останеме со ладни глави, да не наседнуваме на провокации и трезвено да се влечат следните потези. Сепак, вољата на мнозинството граѓани, преставени од 67 народни пратеници, ќе мора да се почитува. Режимот ќе мора да се смени, на еден, втор или трет начин! А потоа режимлиите ќе одговараат за своите злодела.

Џељо Хоџиќ – Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e