Не станува збор за обична обдукција, затоа обдукциоскиот наод за Вања се уште не е готов

Од Обвинителството повторно апелираа да не се шират дезинформации поврзани со убиството на Вања, особено тоа што дел од српските и хрватски медиуми објавија, а македонските медиуми за кликови со Google translate превод објавија дел од написите кои се морбидни.

„Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста“, велат од Обвинителството.

Инаку подолгиот период за обдукцискиот наод е потребен бидејќи не станува збор за обична обдукција.

Што во моментов проверува Судска медицина не може да се открие, бидејќи тоа би ја нарушило истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e