Над 40 оштетени објекти и 130 повредени лица при бегање од земјотресите во Скопје

Уште 30-тина граѓани синоќа и утринава побарале лекарска помош поради земјотресите во Скопјем кои не ги почувствувале повредите во текот на денот, јавува 24 здравство. Повеќето имале скршеници, набиеници по телото, расекотини или вртоглавици од стресот. – објави Радио Моф.

Вкупната бројка на повредени по вчерашниот силен земјотрес се искачи на околу 130 лица. Најголемиот дел се од 30 до 60 годишна возраст. Речиси сите се здобиле со повреди додека во паника бегале од нивните домови.

Од Градскиот штаб за заштита и спасување, пак, информираат дека ги продолжуваат своите активности на терен.

„ Во сите пунктови на јавните претпријатија и Бригадата за противпожарна заштита е зголемен број на екипи со 24 часа дежурства и истите се во продготвени за интервенција. Покрај нив, Градскиот штаб за заштита и спасување ги координира и активностите на општинските кризни штабови кои се мобилизирани.

Целиот текст прочитајте го тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e