Над 30 лажни ПЦР тестови откриени на ГП Деве Баир

Над 30 ПЦР тестови за кои постои основано сомнение дека не се валидни односно не се извадени од соодветна клиника, денеска се откриени на граничниот премин Деве Баир, од страна на полициските службеници.

Дознаваме дека тестовите ги употребувале патници кои патувале со автобус на туристича агенција Беса од Скопје.

За овие тестови предходно имало добиено сознанија по што се одземени и ќе следуваат кривични пријави.

Неколку патници албански државјани се лишени од слобода и спроведени до судот а за останатите ќе се прават дополнителни проверки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e